Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата.

Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат висока цена, за која која се заговара да ја платат граѓаните. Тие ќе мора да работат подолго за да се финансираат зголемените трошоци за пензии, наведува таа.

Овие луѓе се и повеќе од изработени. После толку децении макотрпна работа, заслужуваат да имаат мирна старост со достоинствени пензии. Тој мир не смее никој да им го одложи или скрати, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Заговарањето за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е уште еден во низата удари кои во изминативе шест месеци беа нанесени на грбот на работниците. За СДСМ, идејата за зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

Зачлени се на нашиот е-билтен