Таксисти од неколку белградски такси здруженија дојдоа во Крагуевац на 16-ти февруари да ги земат студентите кои учествуваа во 15-часовната протестна блокада на тој град во централна Србија претходниот ден.
Голем број студенти пешачеа од Белград, Нови Сад, Ниш и други градови неколку дена пред протестот „Да се сретнеме кај Сретење“, а некои дојдоа со велосипед или трчајќи на штафетен маратон.
Репортерот на Радио Слободна Европа јавува дека на влезот во Крагуевац може да се види колона такси од главниот град, кои дел од студентите ќе ги вратат во Белград.
Блокадата во Крагуевац се одржа на Денот на српската државност – Сретење, од 9 часот до неколку минути по полноќ.
Истиот ден, владејачката Српска напредна странка одржа митинг и во Сремска Митровица, на околу 180 километри северно од Крагуевац.
Граѓаните беа повикани на протест од студентите кои веќе два и пол месеци блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија, барајќи кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.