Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер синоќа бил е регистриран во јужниот дел на Албанија.
Епицентарот на потресот бил на шест километри северо-западно од познатото приморско гратче Химара, на длабочина од пет километри и е почувствуван и во соседните градови.
Земјотресот се случил околу 35 минути по полноќ и предизвикал вознемиреност кај жителите и туристите.
До овој момент, нема информации за евентуално предизвикана материјална штета.

