Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бијонсе останува до Џеј Зи откако тој беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче

Бијонсе планира да остане со нејзиниот сопруг Џеј Зи, откако тој беше обвинет дека силувал 13-годишно девојче на забава со Пи Диди Комбс во 2000 година. Двајцата рапери жестоко ги отфрлија обвинувањата.

„Таа се држи до Џеј, како што беше потврдено од синоќешното семејно излегување“, ексклузивно раскажува извор за Page Six, осврнувајќи се на тоа што семејството Картер, според официјалното име на раперот – Шон Кори Картер, беа заедно на црвениот тепих за премиерата на „Муфаса: Кралот Лав“.

Бјонсе „нема намера да го напушти Џеј Зи“, рекол вторио инсајдер за Page Six, истакнувајќи дека Бијонсе „од цело срце му верува“ и го „подржува“ во текот на оваа искушение.

„Tимот Картер ќе се соочи со оваа ситуација заедно“, додава изворот.

Во текот на викендот, името на Џеј Зи беше вклучено во тужбата од жена која ги обвини него и Пи Диди (Комбс) дека ја силувале на домашна забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во 2000 година.

Тужителката – која ја нарекуваат Џејн До, во документите добиени од страна на Page Six – тврди дека Џеј Зи и Комбс ја силувале додека ја гледала неименувана славна личност.

Откако се појавија наводите, Џеј Зи (55) ги негираше тврдењата и го обвини адвокатот на жртвата, Тони Базби, дека се обидел да го „уцени“.

Пи Диди (Комбс), исто така 55-годишен, ги затвори наводите преку неговиот правен тим, кога изјави за Page Six: „Г. Комбс има целосна доверба во фактите и интегритетот на судскиот процес. На суд, вистината ќе надвладее: дека Пи Диди е невин“.

Зачлени се на нашиот е-билтен