Ескалација на конфликтот: Пакистан започна одмаздничка операција против Индија

Индиската војска вечерва соопшти дека пакистански беспилотни летала се забележани на 26 локации низ западна и северозападна Индија, од Кашмир и државите што граничат со Пакистан до брегот на Арапското Море.

Ројтерс, повикувајќи се на безбедносни извори, јави дека 10 експлозии се слушнале во близина на аеродромот во кашмирскиот град Сринагар, како и на неколку други локации во спорниот регион.

Ракети беа видени на небото над градот Џаму, исто така во Кашмир, каде што нападот предизвика прекин на електричната енергија.

Експлозии се слушнале и во градот Амритсар, во државата Пенџаб, за прв пат по ескалацијата на конфликтот меѓу Индија и Пакистан пред три дена.

„Видени се беспилотни летала. Тие се во акција“, изјави за Ројтерс неименуван индиски воен претставник.

Индија ги суспендираше операциите на 32 аеродроми до 15 мај, по ескалацијата на тензиите со Пакистан, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Индија.

„Триесет и два аеродроми ќе останат привремено затворени за цивилни летови до 5:29 часот наутро на 15 мај“, објави Дирекцијата.

Забележано е дека ограничувања се воведени на аеродромите во Адхампур, Амбала, Амритсар, Авантипура, Батинда, Буџ, Биканер, Чандигар, Халвара, Хиндон и Џаму, објавува „Тајмс оф Индија“.

Индиската војска вечерва соопшти дека пакистански беспилотни летала се забележани на 26 локации низ западна и северозападна Индија, од Кашмир и државите што граничат со Пакистан до брегот на Арапското Море.

Тензиите меѓу Индија и Пакистан се зголемија по нападот на 22 април во индискиот Кашмир, во кој загинаа 26 туристи. Њу Делхи го обвини Пакистан за поддршка на нападот, што Исламабад го негираше.

Зачлени се на нашиот е-билтен