Јапонската корпорација Panasonic Holdings објави дека планира да го намали бројот на вработени ширум светот за 10.000 лица до крајот на фискалната 2025/2026 година.
Оваа мерка, како што појасни компанијата, ќе се спроведе поради идентификувани вишоци во одделенијата за човечки ресурси, сметководство и други административни сектори. Намалувањето ќе биде дел од пошироката стратегија за оптимизација на трошоците и преструктуирање.
Дополнително, Panasonic најави дека ќе направи ревизија на своите организациски единици, меѓу кои се и оние што произведуваат телевизори, кујнски апарати, индустриски мотори и автомобилски делови. Компанијата разгледува можност за продажба на некои од тие сектори.
Овие одлуки ќе бидат финализирани до март 2026 година, а планираното преструктуирање ќе се реализира во текот на следната година.