Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поради одлуката на Трамп откажани летови на над 40 илјади Авганистанци со специјални визи за САД

Фото: Carl Montgomery/Flickr

Откажани се летовите на повеќе од 40 илјади Авганистанци на кои им беа одобрени специјални визи за САД и сега се изложени на ризик од одмазда од талибанците, објавија светските агенции.

Откажувањето на летовите следува по одлуката на американската влада да ги замрзне повеќето програми за меѓународна помош.

„Повеќето од блокираните се наоѓаат во Авганистан, додека останатите се во Пакистан, Катар и Албанија“, рече Шон Ван Дајвер, шеф на #AfghanEvac, главната коалиција на ветерани и групи за човекови права која работи со американската влада за евакуација и преселување на Авганистанците кои работеле за САД за време на 20-годишната војна.

Ван Дајвер рече дека не верува дека откажувањата на летовите биле намерни. „Сметаме дека тоа беше грешка. Тие се бореа заедно со нас. Тие пролеваа крв заедно со нас“, рече Ван Дајвер.

Речиси 200.000 Авганистанци беа населени во САД со специјални визи или како бегалци по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година. Во извршната наредба потпишана неколку часа по преземањето на функцијата претседател на САД, Доналд Трамп ги замрзна сите американски програми за сместување на бегалци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен