Унгарија го слави националниот празник во знак на сеќавање на Унгарската револуција од 1848 година, а во главниот град опозицијата предводена од Петер Маџар организираше протест против владата на премиерот Виктор Орбан.
Во својот говор лидерот на унгарската опозиција зборуваше за потребата од соборување на владата на Орбан.
Пролетта е тука, унгарската пролет и заедно ќе ја завршиме зимата на Орбан“, рече Маџар.
Big ovation followed the Hungarian 🇭🇺 opposition figure Peter Magyar's words: "The spring is here, The spring of the Hungarians, and We, together will end Orban's winter" pic.twitter.com/txWyirRRKZ
— SzabadonMagyarul 🇬🇧🇭🇺🇺🇦🇪🇺 (@SzabadonMagyar) March 15, 2025
Маџар голем дел од својот говор го фокусираше на ставот на Орбан кон прашањето за воената помош за Украина и неговата посветеност на мирот, дури во еден момент зборуваше и на руски.
„Готово е, другари, или подобро да се разбереме: „Тавариши кањец““, порача Маџар меѓу другото и за политиката на Виктор Орбан да се спротивстави на продолжувањето на војната во Украина и истовремено финансирањето на таа војна во Источна Европа.
Getting bigger in every minute pic.twitter.com/21ywilO6K0
— SzabadonMagyarul 🇬🇧🇭🇺🇺🇦🇪🇺 (@SzabadonMagyar) March 15, 2025
Исто така, унгарските „Х“ канали потсетуваат дека и во Србија во исто време се протестира и се прават споредби со протестите во Будимпешта.