Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Штајнмаер и додели на Ангела Меркел највисок орден за заслуги на Германија

Поранешната лидерка на Германија Ангела Меркел е награден со највисокиот орден за заслуги во земјата и покрај критиките за политичкото наследство што го остави, добивајќи пофалби за нејзината дисциплина и страст во текот на 16 години како канцеларка.

Орденот и беше врачен од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер синоќа во Берлин како признание за нејзиниот придонес во германскиот политички живот. На настанот присуствуваа нејзините политички сојузници, вклучително и сегашниот канцелар Олаф Шолц, поранешниот национален фудбалски тренер Јирген Клинсман, Улрих Матес – актерот кој ја учеше како да држи говори, како и семејството и пријателите.

„Гроскројц“, или „голем крст“, е најважниот орден од ваков вид. Досега го имаат добиено само двајца канцелари: Конрад Аденауер во 1954 година и Хелмут Кол во 1998 година.

Оддавајќи ѝ почит на Меркел, Штајнмаер, која служеше во нејзината влада како министер за надворешни работи, ја пофали нејзината „огромна издржливост, огромна самодисциплина“ во управувањето со Германија, од 2005 до 2021 година, вклучително и во пандемијата, и кризите околу долговите во еврозоната и бегалците. Тој се осврна и на нејзините обиди да ја спречи руската агресија по анексијата на Крим.

Штајнмаер рече дека Меркел се издвојувала како прва жена канцелар на Германија и како граѓанин од комунистичката Источна Германија во партијата во која доминирале мажи, која успеала во политиката. Таа го постигна ова и покрај тоа што „немаше пример, немаше искусни политичари што ќе ја водат низ политичкото подземје“, рече тој, додавајќи: „Вашите главно машки противници често не можеа да те следат“.

Како што јавуваат медиумите, Меркел не се чувствувала комотно на церемонијата, честопати нервозно гризејќи ги или стискајќи ги усните и само повремено насмевнувајќи се. Изгледало како да и е непријатно од пофалбите што и биле упатени и што морала да се присети на некои од минатите настани.

Прифаќајќи ја наградата, Меркел, им се заблагодари на оние за кои рече дека ја поддржувале за време на нејзиниот мандат, поединечно наведувајќи ги оние што лично ги поканила, вклучувајќи ја и Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската Комисијата.

Таа, исто така, му оддаде почит на нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер, водечки германски квантен хемичар, чија страст за неговата област „верувам дека понекогаш му помогнала“ да го издржи секојдневниот напор на работата на неговата сопруга во текот на 16 години.

Штајнмаер инаку се соочи со обвинувања дека се обидува да ја спаси својата репутација, која е нарушена поради блиските врски со руските политичари, вклучувајќи го и Сергеј Лавров со кого беа колеги кога Штајнмаер беше министер за надворешни работи во владата на Меркел.

Некои од најострите критики дојдоа од редовите на партијата на Меркел, Христијанско-демократската унија (ЦДУ). Карстен Линеман, заменик-претседател на ЦДУ, изјави дека иако е јасно дека Меркел придонела многу за Германија, „особено на меѓународно ниво“, таа исто така „направила грешки, дури и флагрантни“.

Меркел ретко е видена во јавноста откако нејзиниот мандат заврши во декември 2021 година. Минатата година таа ја осуди војната на Русија во Украина, но ги нагласи нејзините премиерски напори да го спречи конфликтот, велејќи „затоа нема да се извинам“, кога беше прашана дали ќе го стори тоа.

Таа пишува книга за нејзиниот мандат како канцеларка, која треба да биде објавена во 2024 година истовремено во Германија, Америка и Велика Британија.

Извор: Гардијан

Треба да знаете
Moже да ве интересира