Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп бара Јордан и Египет да примат повеќе Палестинци

Фото: EPA-EFE/AARON SCHWARTZ / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од Јордан и Египет да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде што има хумантирана криза поради војната меѓу Израел и палестинската група Хамас.

Во војната загинаа десетици илјади луѓе, а речиси целото население на Газа е раселено.

Трамп рече дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци и на долг и на краток рок.

Минатата година, за време на администрацијата на Џо Бајден, Вашингтон рече дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување.

Зачлени се на нашиот е-билтен