Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп ја повика Британија да ги демонтира турбините на ветер во Северното Море

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повика Обединетото Кралство да ги демонтира своите турбини на ветер во Северното Море како одговор на одлуката на американска нафтена компанија да го напушти регионот богат со нафта.

„Велика Британија прави многу голема грешка. Отворете го Северното Море. Ослободете се од ветерниците!“, објави Трамп на својата онлајн платформа, Truth Social.

Објавата вклучуваше линк до Стопанската комора на Шкотска Абердин и Грампиан, која на почетокот на ноември ја детализираше одлуката донесена од нафтената компанија Апачи за излез од Северното Море. Од Апачи рекоа дека неочекуваниот данок на Обединетото Кралство за нафтените операции ја направил работата „неекономична“.

За време на неговата изборна кампања, Трамп, се заложи за фосилните горива и ја критикуваше Германија за нејзиниот стремеж кон обновливите облици на енергија, предвидувајќи дека ако продолжи да ги следи овие политики, наскоро ќе банкротира.

Лабуристичката влада на Обединетото Кралство под премиерот Кир Стармер, која беше избрана во јули, ја поддржува енергијата од ветер и соларна енергија, заедно со нуклеарната енергија и донесе одлука да не се издаваат нови дозволи за дупчење нафта или гас за Северното Море.

За време на неговиот прв мандат помеѓу 2017 и 2021 година, Трамп ги намали стандардите за заштита на животната средина и климата, со што ги извади САД од Парискиот договор за климатски промени од 2015 година, договор потпишан од повеќето земји во обид да се минимизира производството на гасови кои придонесуваат за климатските промени.

Неговиот наследник, претседателот Џо Бајден, кој ја напушта функцијата овој месец, ја смени таа одлука.

Зачлени се на нашиот е-билтен