Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин како дел од американско-руското приближување за ставање крај на војната во Украина.
„Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс 1“, додавајќи дека „многу работа е завршена“.
„Веќе се разговараше за многу работи на двете страни, Украина и Русија. Ќе разговараме за тоа, за поделба на одредени средства“, рече Трамп, алудирајќи на „размена на делови од територија и електрани“.
Последен пат Трамп и Путин разговараа за билатералните односи и војната во Украина на 12 февруари .