12 лица загинаа во пожар за стари лица во Шри Ланка

Во пожар во нерегистриран дом за стари лица во Шри Ланка, 12 лица загинаа, а осум се повредени, соопшти денес полицијата.

Пожарот избувнал доцна синоќа во куќа во градот Ангуруватота.

51 корисник беа спасени, изјави портпаролот на полицијата.

Тој изјави дека во домот биле сместени луѓе со ментални болести.

Директорот на домот беше уапсен под сомнение за небрежно предизвикување смрт на луѓе.

Директорот на Националниот секретаријат за стари лица изјави дека објектот не е регистриран како дом за стари лица и дека претходно бил предупреден да ги почитува законите и прописите.

Тој додаде дека домот бил пренатрупан, со кревети наменети за околу 15 лица, додека во него живееле 71 лице.

Најчитано