Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети: Европски фронт е втора сила во државата, почнуваме чекори за спречување мајоризација

Претседателот на ДУИ и дел од Коалицијата „Европски фронт“, Али Ахмети денеска на прес-конференција од седиштето на партијата во Тетово, соопшти дека тие се легитимниот претставник на Албанците во државата, бидејќи, како што посочи, на претседателските избори победиле со разлика од 40.000 гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови повеќе и, според нив, шест пратеници повеќе од Коалицијата Вреди.

-Европскиот фронт како коалиција победи на претседателските избори со разлика од 40 илјади гласови, додека на парламентарните со над 30 илјади гласови и шест пратеници повеќе. Европскиот фронт победи во 20 општини во кои живеат и гласаат Албанците и другите заедници. Европскиот фронт излезе како втора сила во државата, што се случи за првпат во историјата на земјата. Овие резултати беа прекршени и продолжуваат да се прекршуваат преку изборен инженеринг во очите на целото локално, регионално и меѓународнa jaвност. Го започнуваме нашето патување за спречување на оваа мајоризација што ги оптоварува соживотот и демократијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори за заштита на гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, рече Ахмети, кој беше придружуван и од другите лидери на партии што се дел од „Европскиот фронт“.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=476&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMediumskaInformativnaAgencija%2Fvideos%2F1012900130203615%2F&show_text=false&width=267&t=0

Одговорајќи на новинарско прашање какви мерки и активности ќе преземаат, Ахмети истакна дека во наредните денови целата јавност ќе бидат известени во наредните денови во консултациите со сите претседатели на партиите од коалицијата.

Во врска со тужбата од „Европскиот фронт“ на решението на ДИК за прегласувањето во Желино до Управниот суд, Ахмети очекува „правдата да ги земе предвид и да ги истакне непристрасноста и политичките договори што се направени за да се наруши легитимитетот стекнат на 8 мај 2024 година“.

Тој нагласи дека „Европскиот фронт“ и албанската опозиција во декември 2023 и јануари 2024 година потпишаа договор за да не влегуваат во владата без уставни измени и гаранција за продолжување на европскиот пат

Зачлени се на нашиот е-билтен