Иако има околу 450 километри брег, со одлични плажи и прекрасни шуми, Албанија се уште не е примарна дестинација за туристите во Европа. Тие кои ја посетиле ја споредуваат со Малдивите, благодарение на кристално чистата вода и одличните ресорти, но сепак се уште ја нема популарноста на Шпанија, Грција или Италија.
Албанија се надева дека ќе успее да го зголеми бројот на туристи до пет пати повеќе од моменталната популација на земјата, која изнесува 2,8 милиони.
Албанските власти посакуваат да привлечат до 14 милиони туристи, што е раст од сегашните 10 милиони кои ја посетиле оваа земја во 2023 година.
За да се зголеми атрактивноста на Албанија, властите планираат и изградба на целосно нов аеродром во Валона, кој ќе чини околу 100 милиони евра.
Аеродромот во Валона ќе им даде на туристите уште една причина за посета на албанската ривиера и ќе го намали времето за стигнување до бреговите на туристите од Европа.
Планот за изградба на новиот аеродром не е нов. Тој беше прв пат претставен во 2017 година, а до 2021 година, Мабетекс Интернешнл, објави дека планираат да инвестираат над 100 милиони евра во иницијалната фаза, односно за изградба на писта и терминал.
Британските туристички агенции и медиуми започнуваат се повеќе да ја промовираат Албанија како летна дестинација. Најчесто Албанија се претставува како место со одлични плажи, слични на тие во Грција, но многу пониски цени.
Извор: Express.co.uk