Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Арсовски: Не утре, не задутре, вчера треба да ги отвориме преговорите со ЕУ

За земјата да се движи напред, вчера требаше да ги отвараме преговорите, не утре, не задутре, туку вчера. Ние 30 години сме независна држава, сме покажале дека секојпат кога сме имале клучен напредок во било кое прашање тоа било врзано со напредокот кон евроатланските интеграции, секогаш. И секогаш кога сме оставени самите на себе стануваме локал декаденти и ни се распаѓа системот пред очи, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Трајниот напредок на државата е напредокот кон ЕУ. Ние немаме доволно знаење, ние немаме доволно капацитет или немаме доволно политичка волја тој напредок да го направиме траен ако не е поврзан со напредокот кон ЕУ.

Ако го пропуштиме овој воз 2028-2030, мислам дека евроинтегративниот процесот нема да застане, но ќе бидеме ставени во втора шина како Србија, која всушност не ни сака да влезе во ЕУ бидејќи одбива да примени голем дел од европската надворешна политика. Ние ќе станеме една земја која нема капацитет да направи некој сериозен проблем, но нема и капацитет многу да напредува“, вели Арсовски.

Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Преземено од Цивил Медиа

Зачлени се на нашиот е-билтен