Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бочварски: Денес изведувачите на Коридор 8 се ревносни, брзи, бидејќи тие го координираат проектирањето

„За да имаме брза и ефикасна реализација на одреден автопат или регионален пат треба да имаме решени имотно-правни односи, брзо решавање на имотно-правните односи, да имаме квалитетен проект и силен изведувач кој ќе работи на терен. Денеска изведувачите се ревносни, брзи, влегуваат со брзо проектирање, бидејќи тие го координираат проектирањето околу Коридорот 8“, изјави Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски во интервју на Слободен печат.

Во однос на прашањето дали на Коридорот 8 има експропријација, тој додаде дека на местата каде што има експропријација, тоа е процедура која треба да ја заврши државата.

„Голем дел од земјиштето е експроприрано, но има граѓани кои не се овде во државата. Има и некои коишто бараат поголема сума на финансиски средства за откуп и пристапуваат кон жалба на управен суд, којашто постапка малку се развлекува. Правиме максимални напори со сите служби кои ги имаме. Сите институции работат синхронизирано, со цел да ослободиме што е можно поголем дел од трасата“, потенцираше Бочварски.

Тој додаде дека на различни патни правци се јавуваат различни предизвици.

Зачлени се на нашиот е-билтен