Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарски поглед на запирањето на Македонија на патот на ЕУ: Се чека јасен став на партиите на Албанците

„Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, за да можеме да се обидеме да се процениме каде ќе се движи земјата понатаму“, изјави дописничката на БТА од Скопје, Маринела Величкова, во емисијан на Бугарската национална телевизија (БНТ).

Целото однесување на Северна Македонија доведе до ваквата одлука на Брисел. Сите активности на Владата воде кон тоа, а сите предупредувања од ЕК не се слушнаа, анализираат бугарските новинари.

„Лошата вест од Брисел падна во сенка на посетата на Виктор Орбан. Фактот дека Орбан слета во Охрид беше водечка тема во позадината на оваа важна информација за Република Северна Македонија. Веројатно повторно ќе биде во вестите кога и на кој начин Република Северна Македонија ќе ја сфати тежината на оваа одлука, ми се чини дека допрва треба да видиме. новинарката Величкова во интервјуто за програмата „Пред се“.

За францускиот предлог – рамката за преговори што ја изгласаа сите земји-членки на ЕУ, Величкова коментира: „Во 2022 година, ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција, организираше протести со повици дека францускиот предлог е бугарски диктат. Се игнорираше фактот дека ЕУ беше под радар, под радар беше податокот дека сите 27 членки ја прифатија оваа преговарачка рамка“.

Според бугарските аналитичари, оваа „патриотска реторика“ беше една од причините зошто ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, истакна Величкова. За речиси 100 дена влада, освен т.н Францускиот предлог + никогаш не се слушна јасен план за идната европска интеграција на Северна Македонија, за која оваа влада тврдеше дека е приоритет, додаде таа.

„Унгарската политика во голема мера ја испровоцира ЕУ. Огромниот заем што оваа земја и го даде на Северна Македонија, говори за тоа. За разлика од Скопје, Албанија измина долг пат во последните години, исполнувајќи ги сите барања на ЕУ“, коментираше во емисијата на БНТ историчарот Христо Матанов.

Според него, има Македонци кои мислат дека патот на Северна Македонија треба да води кон Србија и Москва.

Зачлени се на нашиот е-билтен