„Решението за спорот за името требаше да биде донесено и порано. Условите беа зрели и времето беше вистинско. Политиката на одложување и стагнација е добра за владите и некои лидери, но тоа не е политика која е добра за граѓаните, а уште помалку за стабилноста“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Цирапс на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.
На конференцијата организирана од Фондација Заев и Алекс Ципрас Институт, пораншениот грчки премиер додаде дека лидерството треба да ги решава или да се обидува да ги решава проблемите, а не да чека тие да созреат, бидејќи додека чекаат „тие ќе скапаат“.
Ципрас порача дека и новиот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски мора да се помири со реалноста и со името на државата, бидејќи во спротивно ја загрозува европската перспектива на земјата, но и опстанокот на Северна Македонија.
„Има закани од меѓународна изолација, но и Западен Балкан е поле каде трети земји сакаат да имаат можност да се мешаат. Турција и Русија сакаат да се мешаат на Балканот. Егистенцијално прашање за Северна Македонија е тоа и стратешко прашање за ЕУ дали ќе дозволи Западен Балкан да биде играчка за трети земји“ рече Ципрас.