Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Да помогнеме да се одржи книжевниот фестивал за мали фикции „Друга приказна“

Книжевниот фестивал за мали фикции „Друга приказна“ повикува за помош за реализација на овогодишното издание и одбележување на јубилејот 30 години Маргина и 15 години Окно.мк

„Друга приказна“ е регионален литературен фестивал и ќе се одржи во Скопје од 30 август до 1 септември од Маргина и Окно, а се фокусира на кратка фикција, кратка литературна форма. Помеѓу целите на фестивалот е популаризација на литературата, преиспитување на улогата на литературата во општеството,  преиспитување на жанровските граници, односите меѓу популарното и елитата, високото и ниското, ангажираното и бегството, преиспитување на улогата на писателот во нови локални и глобални контексти, креирање и практикување на нови стратегии за поврзување меѓу културите и на локално и на регионално и на глобално ниво, како и вмрежување на македонски автори и искуства во регионален контекст.

Главната тема на фестивалот оваа година се јубилеите на Маргина, магазин кој прославува 30 години и Окно, порталот кој слави 15 години постоење, додека втората важна тема на фестивалот ќе биде Палестина.

На фестивалот ќе учествуваат околу 30 писатели, артисти и теоретичари од земјава и регионот, а со цел успешно спроведување организаторите собираат донации за да се обезбедат простор и опрема, превоз и сместување за учесниците, промотивни материјали, но и награди за победници. Со цел полесно собирање на донации креирана е страница на „Go get funding“.

Организаторите истакнуваат дека добиле две илјади евра финансиска поддршка од регионалната мрежа Традуки и дека им недостасуваат уште толку за успешна реализација.

Редакција ТРН.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен