Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дерала: Вештачката интелигенција може да биде последниот изум на човекот

Сметам дека секој од нас мора во некој момент да размисли кон што, каде и на кој начин оди цивилизацијата, а тоа секако во денешно време е и прашањето за вештачката интелигенција, порача Џабир Дерала во интервју за Слободен печат, осврнувајќи се на неговата последна книга напишана со Валентин Нешовски „Човекот, роботот и дигиталниот бог“.

Дерала смета дека вештачката интелигенција може да биде и последниот изум на човештвото.

„Иако звучи малку помпезно, сметам дека вештачката интелигенција е најголемиот изум на човекот, а некои велат и дека е последниот изум на човекот. И јас сум на тој став дека последниот изум на човекот е токму вештачката интелигенција и дека оттука па натаму, ако човекот има научни достигнувања и изуми, тие секако дека ќе бидат неизоставно поврзани со ВИ до момент кога ВИ толку ќе го престигне својот творец, што човекот нема да има ниту шанси да се натпреварува со ВИ. Вештачката интелигенција е бебе кое не проодело и веќе го промени светот, може да замислиме колку ќе го промени за шест месеци, за година дена, а да не зборуваме за 10, 20 или 100 години“ посочи тој.

Треба да знаете
Moже да ве интересира