Вредноста на биткоинот денес достигна рекордни 82.000 долари, според податоците од берзите.
Во 12:45 часот, на најголемата криптоберза Binance, биткоинот се тргуваше за 82.015,19 долари, додека на Coindesk изнесуваше уште повисоки 82.149,47 долари.
Порастот на криптовалутата се припишува на позитивната реакција на пазарите по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, што предизвика оптимизам меѓу инвеститорите, пренесува CNN (CNBC).