Товарен брод во грчка сопственост што плови под знамето на Маршалските Острови бил мета на напад на 53 наутички милји југозападно од пристаништето Аден во Јемен, а во експлозијата во близина на бродот нема повредени, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Државната агенција АНА-МПА, повикувајќи се на компанијата за поморска безбедност Амбри, објави дека бродот кој пловел од САД кон Индија, пријавил експлозија на 50 метри од десната страна.
„Катимерини“ пишува дека била предизвикана материјална штета, членовите на екипажот не се повредени, а одговорноста за нападот ја презеле Хутите.