Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европа се сеќава на Холокаустот врз Ромите: 80 години од масакрот на Ромите во Аушвиц

Пред точно 80 години, на 2 август 1944 година, 4300 Синти и Роми беа брутално и системски убиени од СС единиците во Аушвиц, трагично поглавје од Холокаустот, во кој беа убиени половина милион Роми.

2 август Европскиот ден за сеќавање за Холокаустот врз Ромите, поради што од Советот на Европа најавија дека се прават напори, Холокаустот врз Ромите да се најде во сите историски читанки во Европа, со цел да не се заборави нивното страдање.

„На 2 август 2024 година, ќе ги славиме нашите предци и ќе ја засилиме нашата борба против опресијата“, напиша Жељко Јовановиќ, претседателот на Европската фондација за Ромите.

Тој вели дека со растот на екстремизмот во Европа, важно е да се повторат лекциите од минатото и да се залагаме за иднина во која нема да има опресија.

„Ги повикуваме владите активно да се борат со дискриминацијата и омразата која нашата заедница ја чувствува и ден денес. Сите заслужуваме да живееме без страв и да имаме можност да го реализираме нашиот потенцијал“, напиша Јовановиќ.

Тој вели дека Ромите треба меморијата од Холокаустот да ја претворат во мотор за самозајакнување за нивната порака да биде слушната и нивните барања сфатени сериозно.

Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен