Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: На патот до ЕУ сме имале блокади, но за оваа самоблокада ексклузивно е виновна оваа Влада

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за ТВ Сител рече дека е сосема погрешна тезата дека нашиот интегративен процес е заглавен затоа што владата на СДСМ го прифатила условот за измена на уставот со внесување на Бугарите.

„Тоа е погрешна теза. Ние не одиме понатаму поради тоа што оваа влада не ги става Уставните измени на дневен ред на Собранието поради тоа што преговарачката рамка која што е договорена со ЕУ кажува дека е тоа првиот следен чекор“, посочи Филипче.

Наместо тоа, рече Филипче, оваа Влада ги влоши односите со Грција, ги влоши односите со Бугарија и апсолутно, доколку има механизам да нашата позиција за преговори се подобри, ние сме тука таа да ја подржиме и тоа сакам да го кажам многу јасно.

„Меѓутоа ние сме сега заглавени со тоа што не се оди по патот којшто е веќе договорен, што го потврдиле сите земји членки на ЕУ со консензус и кој се вика Преговарачка рамка којашто го усвоила нашето Собрание“, рече Филипче

Ние сега се одвоивме од Албанија, посочи Филипче, и тие денеска ја одржаа втората меѓувладина со којашто ги отворија поглавјата.

„Владата треба да каже кој е планот, треба да каже имаат ли воопшто план како напред. Премиерот најавува дека има поддршка од некои земји да ние ја подобриме таа преговарачка позиција односно некакво одложено дејство на уставните измени. Министерот Муртезани го демантираше во тоа. И затоа ние инициравме собраниска седница затоа што Собранието е местото каде што се дискутираат такви работи и се носат одлуки како понатаму“, нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче повика премиерот да каже кој е планот, кои земји членки од ЕУ во тој план го подржуваат.

„Ако има консензус да тој план биде прифатлив, а ако тој план ги подобрува нашите преговарачки позиции, ние тој план ќе ги прифатиме. Тука нема дилема и ние тоа го кажуваме цело време, меѓутоа прашање е до кога ќе чекаме.

Филипче потсети дека Северна Македонија во целокупниот изминат приод, повеќе децении, немала лесен пат во преговорите и пристапувањето кон ЕУ.

„Сме имале, многу блокади. Но ова е првпат да ние се самоблокираме и не го направиме следниот чекор и за тоа, ексклузивно е виновна оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ“, потенцираше Филипче во интервјуто за ТВ Сител.

Зачлени се на нашиот е-билтен