Стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани се првите чекори кои треба да ги направи новото раководство на СДСМ, вели за Канал 5, д-р Венко Филипче, иден пратеник на СДСМ во парламентот.
Филипче истакнува дека оставката на претседателот на СДСМ, Ковачевски и раководството е прв чекор кон реизбор на ново раководство односно почеток на обнова и реорганизација на партијата.
,,Од суштинско значење е внатрепартиските избори да поминат во најдобар ред и во една демократска постапка да се избере ново раководство кое ќе ја обедини партијата како предуслов за нови успеси”- вели неврохирургот Филипче за Канал 5.
Според него, новито раководство ќе има тешка задача пред себе. Изборниот резултат покажува дека потребно е трпение, чесен пристап и јасна нова стратегија за да се поправат состојбите, вели Филипче.
,,Прва цел треба да биде стабилизација и обединување на членството, а потоа и враќање на довербата кај сите граѓани.
Оваа криза е можност да се преиспитаат политиките, начинот на работење и да изникне еден нов СДСМ кој ќе биде силен коректив на власта”- рече идниот пратеник на СДСМ , Венко Филипче во изјава за Канал 5.