Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грковска: Демократска зрелост во изборниот период, со разлика помеѓу партиски и државни активности

Примената на кодексот и позитивниот притисок од јавноста и медиумите придонесува за промена на однесувањето на носителите на функции. Изборите се период во кој треба да се покаже демократска зрелост, дека знаеме веќе да направиме разлика помеѓу партиски и државни активности, вели вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Како одговорно лице за следење на почитувањето на Етичкиот кодекс за избраните и именуваните лица од страна на Владата, Грковска, во Дневникот на ТВ Сител, изјави дека при кршење на кодексот се постапувало само врз основа на аргументи и без оглед за кој функционер станува збор. Истакна дека порано не се ни спомнувала можноста за постоење на вакви кодекси и се барале оправдувања за функционерите кои постапувале спротивно на етичките норми.

Во однос на постапувањето за време на изборниот период, Грковска истакна дека нема ингеренции за да реагира за однесувањето на носители на функции од другите нивоа на власт. 

-Јас немам ингеренции да делувам на градоначалниците. Затоа и упативме отворено писмо во јавноста да укажеме на сите функционери дека треба да се внимава во овој период и да се покаже демократската зрелост. Како што и секои избори се во суштина знак на достигнувањето на демократската зрелост, да покажеме дека знаеме веќе да направиме разлика после толку години независна држава и после толку години кандидатски статус, и имплементирање на законски решенија во оваа смисла, дека можеме да напраивме разлика помеѓу партиски и државни активности, вели Грковска прашана за тоа дали е потребен нејзин ангажман кога се во прашање активностите на владините функционери, но и претставниците на опозицијата преку своите градоначалници, во постојниот предизборен период.

Прашана зошто не може да се усогласи законот за рестриктивни мерки, за кој беа правени обиди за измени, таа вели дека очигледно е дека оние кои директно ќе бидат афектирани со ваквото законско решение, а тоа се лица кои имаат и моќ, и средства и за кампањи во медиумите, и за инвестирање во таквиот начин на комуницирање за измените во Законот за рестритивн мерки, го прават тоа. Таа нагласи дека предложениот закон е во соглсност со Уставот и постоечките законски норми, само се опишува процесот преку којшто Обвинителството ќе биде обврзано веднаш да ја почне постапката.

-Ние не смееме да си дозволиме да игнорираме кога некои лица или компании ќе бидат ставени на црна листа. Тоа се наши граѓани.  И во секој случај ние треба да им дозволиме во постапка, пред домашните институции, во една закондавна постапка, да покажат дали е тоа така или не е така. Меѓутоа игнорирањето од страна на Обвинителството на ваквите случаи, е апсолутно неприфатливо. И тоа мора да го признаеме сите, заради тоа што не за џабе е толкава довербата во Обвинителството. Заради тоа што до сега Обвинителството воопшто не покажало интерес за ниту еден случај и покрај тоа што може по допрен глас, користејќи ги постоечките механзими да ги побара доказите и да почне постапка за да утврди дали е тоа така или не е така. И ако е така, да има казнивост за сите оние што се огрешиле од Законот, вели вицепремиерката Грковска.

Осврнувајќи се на улогата на кабинетот со кој раководи и активностите кои беа преземени во изминатиот период, таа нагласи дека треба да се има предвид дека овој кабинет постои само две години и оти во еден значаен дел име прогрес како и дека ги поставле темелите за продолжување на процесите.

-Кога станува збор за политики на добро владеење и воспоставување на вредносен систем, тоа е процес кој не може да се случи преку ноќ, туку е предизвик за целото општество, во повеќе мандати. Треба да се продолжат започнатите процеси, бидејќи политиките за добро владеење се во центарот на вниманието на меѓународната јавност и основа на барањата на ЕУ и меѓународните партнери. Изминативе две години фокусот е ставен на три столба: дигиталната трансформација на општеството, транспарентноста и ефикасноста на институциите и антикорупциските политики, а се цели кон воспоставување долгорочни и одржливи, а не популистички решенија, потенцира вицепремиерката Грковска.

Зачлени се на нашиот е-билтен