Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чедото на светската солидарност со хуманитарен настан „МКЦ е Солидарност!”

Младинскиот културен центар, институција основана во постземјотресно Скопје како проект на светската солидарност, чуствува должност и потреба да се вклучи во хуманитарните настани кои се случуваат во овие тешки денови во Турција и Сирија, и даде свој придонес за помош на погодените семејства.

Хуманитарниот настан “МКЦ е Солидарност!” е закажан за 18 февруари (сабота) со почеток во 19 часот. За време на настанот предвиден е настап на музичките групи Дориан и Добрила дуо, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, Cruel, Занаду, Vaigna Corporaiton и Калата.

Покрај музичкиот дел, ќе се случи и аукција на ликовни дела од локални уметници, како и изведба на театарската претстава “Шопинг енд факинг” во продукција на НУ Турски театар Скопје.

Влезниците за театарската претстава и музичката програма се наплаќаат засебно, по симболична цена од 150 денари, со можност публиката да откупи и повеќе билети. Собраните средства од аукцјата на ликовните дела ќе бидат исто дел од сумата за донација.

Хуманитарната помош ќе се исплати во целост и донира на сметките отворени за оваа намена преку Црвениот крст на РС Македонија, додека средствата од делата продадени на аукцијата ќе бидат донирани во поставените кутии од Црвениот крст на Град Скопје.

Во Џебното кино е закажана бесплатна проекција на серијалот “Турски чај” во режија на Петра Селишкар.

Зачлени се на нашиот е-билтен