Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран се надева дека Трамп ќе ги запре војните во Газа и Либан

Фото: Gage Skidmore/Flickr

Потпретседателот на Иран, Мухамед Реза Ареф изјави дека светот очекува оти новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги запре израелските војни во Газа и Либан.

Според него, САД се главниот поддржувач на акциите на Израел и дека светот очекува новата влада веднаш да ги прекине војните на Израел против, како што рече, невиниот народ на Газа и Либан.

Ваквата изјава тој ја даде на заедничкиот самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија.

Реза Ареф ги осуди и неодамнешните израелски убиства на лидерите на Хамас и Хезболах, нарекувајќи ги организиран тероризам.

Зачлени се на нашиот е-билтен