Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Концерт на пијанистката Јасмина Трајческа на „Златна лира“

В понеделник, 30 октомври, во Музејот на македонската борба со почеток од 20 часот, концерт ќе одржи пијанистката Јасмина Трајческа.

Повеќе од две децении присуство на музичката сцена и богатото уметничко портфолио ја сместуваат Трајческа во редот на најактивните изведувачи кај нас. И оваа вечер на фестивалот „Златна лира“, Трајческа со впечатлив, внимателно избран и несекојдневен репертоар за пијано, изведувајќи дела на Б. Бојовиќ, Ј. Матичич и Џ. Гершвин.

Јасмина Трајческа додипломски и постдипломски студии завршува на ФМУ, Скопје во (класа на проф. Валери Стефановски). Учесничка е на бројни мастеркласи кај еминентни професори: М. Келер, К. Богино, С. Богино, В. Огарков, А. Диев. Добитничка е на бројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои се издвојуваат: Internatonal piano competiton Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија; DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија; JUPITER – Џенова, Италија; Internatonal competition Interfest – Битола, Македонија; Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија; Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија итн.

Јасмина Трајческа одржала полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р. Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9 во Гросупље (Словенија). По покана учествува како како специјален гостин-солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), а остварува и културен престој во Париз, настапи на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано.

Реализира концерт на ЈАМУ, во Брно, Р. Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена матица на Словенија, и е дел концертот „Балканска синтеза“ на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана, проект поддржан од Град Прилеп и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, како и од јубилејниот концерт„Балканска рапсодија“ во Битола и Гевгелија, проектот „Словенски воз“ за соло пијано во Гевгелија, а реализира и бројни солистички концерти поддржани од Министерството за култура на Македонија во градовите Прилеп, Гевгелија, Охрид, Тетово, Куманово и Скопје. Работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Влезот на концертот е слободен.

Зачлени се на нашиот е-билтен