Костадиновска-Стојчевска: Платите во културата се повисоки за повеќе од 100 отсто и ќе продолжат да растат

„Платите во културата повисоки за повеќе од 100%, и ќе продолжат континуирано да растат. Владата предводена од СДСМ и Министерството за култура во изминатите години покажаа дека го почитуваат достоинството и го вреднуваат трудот на културните работници со постојано зголемување на платите“, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.

Таа додаде дека за пет години се исполни ветувањето за подобар и посигурен живот на вработените во културата.

Од графиконите кои ги сподели министерката Костадиновска-Стојчевска може да се види дека балетски играч првенец, во 2016 година добивал плата нето плата, со минат труд, во висина од 39.778 денари, додека во 2024 година платата е покачена на 89.052 денари.

Нето платата на хорист во 2016 година изнесувала 21.236 денари, додека сега е дури 57.348 денари, додека пак светло мајстор во 2016 година добивал нето плата од 20.872 денари, денес добива плата од 56.346 денари.

„Вложувањето во човечкиот капитал во културата ни останува врвен приоритет во намерата да создадеме професионален и посветен кадар. Во следниот мандат секоја година платите на културните работници ќе растат за 10%“, вети министерката Костадиновска-Стојчевска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира