Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција на земјите е клучна за регионот и движечка сила кон ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на виенскиот Економски форум учествуваше на панелот ,,Градење економска соработка во тешки времиња“.

Ковачевски во своето излагање говореше за важноста на интеграција на регионот во ЕУ, од економски, безбедносен и политички аспект.

,,ЕУ не може да има две граници, тоа не е одржливо. Во моментов има надворешна граница на ЕУ и внатрешна граница што е токму околу земјите од Западен Балкан. Затоа, интеграцијата мора да се случува во политичкиот но и во економски дел. Затоа ние цврсто го поддржуваме и го побаравме планот од претседателката на ЕК за раст на Западен Балкан, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интеграцијата. Северна Македонија во изминатите 2 години во време на криза, постигна многу релевантни работи, осоебно во делот на зацврстувањето на односите со ЕУ. Ние го надградивме сето тоа со членството во НАТО”, истакна премиерот Ковачевски.

Говорејќи за регионалните иницијативи на земјите од регионот како Берлински процес и Отворен Балкан, претседателот на Владата, Ковачевски ја потенцираше важноста дека надградувањето на економската соработка носи придобивки за граѓаните од сите земји.

,,Трговијата по иницијативата со Србија и Албанија меѓу трите земји се зголеми за 25%. Трговијата на Северна Македонија со Србија се зголемени за 50%, а со Албанија за 40%. А туризмот процвета бидејќи граѓаните најдоа можности да ги посетуваат земјите во регионот.Сето ова оди рака под рака со добрите политички односи, без добри политички односи секако не може да има економска интеграција” рече Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор во 2019 година, заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ.

,,Во изминативе две години издадовме 658 лиценци за производство на обновливи извори на енергија, околу 600 мгв соларна и енергија од биогас произведуваат веќе енергија и во споредба со потрошувачката тоа е енергија која што се произведува од обновливи извори која што може да задоволи потреби на многу домаќинства во земјата. Исто така работиме на стратешки проекти заедно со нашите соседни земји особено со Грција.
И ќе започнеме до крајот на годината со проект менаџментот и спроведувањето на проектот за новиот гасовод кој што ќе дозволи на СМ да се приклучи на транс-атланскиот гасовод”, истакна Ковачевски.

Претседателот на Владата говореше за придобивките со членството во ЕУ.

,,Новиот план за раст како што е претставен ќе има позитивно влијание дефинитивно. Во неколку различни сегменти. Ќе ги зголеми реформите, затоа што дополнителните средства ќе бидат поврзани со реформите кои што ги прават земјите кандидати. Ќе ја зголеми регионалната соработка меѓу земјите од ЗБ бидејќи средства ќе бидат достапни по приклучувањето на регионалните проекти во делот на инфраструктурата, енергетиката транспорот итн. Ќе ја зголеми соработката со ЕУ, затоа што ќе ја отвори можноста за одредени индустрии да се приклучат на заедничкиот европски пазар со што ќе се зголеми економијата на обем”, рече премиерот.

Ковачевски истакна дека интеграцијата на регионот во ЕУ ќе им донесе пристап до единствениот европски пазар што ќе донесе економски напредок и зголемен економски стандард.

,,Економскиот стандард и перформансите на поранешните југословенски републики тој бил навистина на врвно ниво во споредба со држави како Романија, Бугарија, Полска, Чехословачка и за сите останати. Ние бевме она што Австрија е денес за Западен Балкан, тоа бевме ние за земјите од Варшавскиот договор. Единствената работа што ги разви економски е интеграцијата на Единствениот европски пазар, ништо друго, тоа е единствената причина зошто се тие денес економски развиени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира