Skip to content
Facebook Instagram Youtube Tiktok
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
Facebook Instagram Youtube Tiktok
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни

Логото на Олимпијадата во Сараево на маица на демонстант кој упадна во француското министерство во Париз

Масовните протести во Франција ескалираа, инвазија на министерството, судири во Лион и Париз. Демонстрант со факел носеше маица со логото на Олимпијадата во Сараево.
  • 18/09/2025
  • 16:18
  • Вести, Кластер ЕУ
  • Постави го Рацин за твој Google извор

Франција денес е повторно на нозе – низ целата земја се одржуваат масовни синдикални протести, со очекувани помеѓу 600.000 и 900.000 учесници на вкупно 250 собири.

Во Париз и Лион, сцените наликуваат на вистинска опсада за што сведочат новите снимки од Лион кои покажуваат жесток полициски напад врз демонстрантите, додека во главниот град, еден од оние кои протестираа упадна во Министерството за економија и финансии носејќи запален факел. Тој носеше маица со јасно видлив знак што неверојатно наликува на логото на Зимските олимписки игри одржани во Сараево во 1984 година.

Фотографијата од демонстрациите привлече големо внимание, бидејќи сцената потсетува на навивачки немири – демонстрант со факел и маица со симболот на Сараево стана еден вид симбол на протестите. „Погледнете и проценете сами“, велат француските медиуми додека ја објавуваат снимката.

Ова е продолжение на бранот протести што започна минатата среда, кога движењето „Блокирај сè“ собра илјадници луѓе против предложениот буџет што ја собори владата на Франсоа Бајру. Кризата беше дополнително продлабочена откако претседателот Емануел Макрон го назначи Себастијан Лекорну за нов премиер.

Полицијата објави дека до 14 часот, низ цела Франција биле одржани 439 демонстрации и дури 92 блокади. Вкупниот број на демонстранти избројани до тој момент бил 243.000.

Судирите со силите на редот и законот беа неизбежни – камења и факели од едната страна, солзавец и полициски кордони од другата. Според официјалните податоци, досега се уапсени 119 лица, а повредени се шест полицајци.

Атмосферата во Франција е напната, бројот на уапсени и повредени се зголемува од час во час, а сликите на хаосот од Париз и Лион ја шокираат јавноста.

Постави го Рацин за твој Google извор

Најново

Американски воен C-17 слета во Москва, Кремљ вели дека не знае зошто
МОН ја пушти „е-Наука“, 229 истражувачи веќе се во националниот регистар
Вајц
ЕПП и либералите бараат ЕУ да замрзне 770 милиони евра за Романија
300 паралелки помалку, 26 училишта пред затворање
Кривична за управител, се сомничи дека присвоил имот од 74,7 милиони денари
Непознат инвеститор, вода и струја – зошто Пехчево го одби дата-центарот
„Пулс“
Вештакот за „Пулс“: Сопственикот требало да побара пренамена на објектот
Тренчевска: Дизелот над 100 денари ќе ги зголеми трошоците за храна
Младите во првите редови против омразата – Емотивно видео на Телеком

Најново

  • Свет
Американски воен C-17 слета во Москва, Кремљ вели дека не знае зошто
  • Македонија
МОН ја пушти „е-Наука“, 229 истражувачи веќе се во националниот регистар
  • Кластер ЕУ
ЕПП и либералите бараат ЕУ да замрзне 770 милиони евра за Романија
  • Македонија
300 паралелки помалку, 26 училишта пред затворање
  • Македонија
Кривична за управител, се сомничи дека присвоил имот од 74,7 милиони денари
  • Македонија
Непознат инвеститор, вода и струја – зошто Пехчево го одби дата-центарот
  • Македонија
Вештакот за „Пулс“: Сопственикот требало да побара пренамена на објектот
  • Економија
Тренчевска: Дизелот над 100 денари ќе ги зголеми трошоците за храна

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?

  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
    • Мундијал
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервју
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
    • Мундијал
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервју
  • Наши приказни
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
Facebook-f Instagram Youtube
© 2023 – 2026 | Рацин.мк | Сите права се задржани.