Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ и Тренчевска: Оваа Влада гради општество еднакво за сите, имаме многу направено во овој дел

Деветта Меѓународна конференција за жените и девојчињата Ромки и жените и девојчињата патувачи, се реализира денеска во Скопје, во организација на Советот на Европа и Владата на Република Северна   Македонија. Се дискутира за предизвиците, проблемите но и за решенијата. Да се види каков напредок е постигнат во интеграцијата на жените и девојчиња Ромки и Патувачи, да се споделат искуства и да се истакнат предизвиците на кои треба во иднина да се работи. 

  • Наша обврска е да создадеме општество во кое граѓаните, независно на која етничка заедница и припаѓаат ќе се чувствуваат сигурно и ќе имаат еднакви можности и пристап до ресурси за личен развој и напредок. Општество кое интегрира, а не сегрегира, општество кое обединува, а не прави делби, односно општество кое вклучува, а не исклучува, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Напорите кои ги вложуваме во унапредувањето на статусот на жената Ромка во нашата земја, како што посочи Тренчевска, произлегуваат од Стратегијата и националните акциски планови за Ромите во Северна Македонија, како и од посебниот Акциски план за жената Ромка. 

Наша обврска е, дополни таа, е да преземаме мерки и активности за надминување на оваа состојба, за вклучување децата Роми во предучилишното образование, за вклучување на децата Роми во образованието, за нивно згрижување во дневни центри со цел да им се даде поддршка, но  и на нивните родители. 

  • Се поставува прашањето дали сме успеале, дали сме направиле се?  Факт е дека секогаш може во овој процес да бидеме подобри, поуспешни и поефикасни и токму тука го гледам значењето на оваа конференција, рече Тренчевска, заблагодарувајќи се на Советот на Европа за досегашната заедничка успешна соработка за побрза интеграцијата на ромската етничка заедница, посебно интеграцијата на жени жените Ромки. 

Таа нагласи дека државава особено внимание посветува на родовата еднаквост, на економско јакнење на жените, поддршка на младите, како и вклучувањето на родовата перспектива во политиките од сите сфери на општествено дејствување.  – Како држава работиме на имплементација на целите поставени во Пекиншката декларација за вклучување на родовата перспектива во државните политики и нашата Стратегија за родова еднаквост е изработена на темелите на Стратегијата за родова еднаквост на Советот на Европа за периодот 2018-2024 година, подвлече Тренчевска. 

Политиките на Владата, појасни таа, се фокусираат на превенција и борба против родови стереотипи и сексизам, превенција и борба против родово базирано насилство, еднаков пристап до правда за жените, балансирано учество на жените и мажите во донесување одлуки, заштита на правата на жените и девојките баратели на азил, мигранти и бегалци и интеграција на родовите политики, особено родово одговорно буџетирање во институциите на централно и локално ниво. 

Пред присутните се обрати и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, истакнувајќи дека  еден од основните принципи на програмата на Владата е стратешката определба да гради општество еднакво за сите. 

  • Сметам дека имаме многу направено во овој дел, рече Маричиќ.
Најново