Мицкоски нека се грижи за своето здравје, му одговорија од Бихаќка откако премиерот бараше лекарско уверение за раководството на СДСМ

СДСМ

Наместо да зборува за проблемите на граѓаните, Мицкоски излегува со ниски, уличарски провокации и „загриженост” за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ ие не сме загрижени за неговото здравје, ие сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат, соопштија од СДСМ попладнево.

Реакцијата на СДСМ доаѓа откако премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратенички прашања рече дека е загрижен за здравствената состојба на дел од раководството на СДСМ.

„Нека не ве чудат нивните пресови велат ќе ја напуштат работнат група за Изборен законик, други велат ќе го напуштат Собаранието. Еве, го напуштија, има само двајца пратеници во салата. Советувам за политичарите кои се во органите на партиите да се побара лекарско уверение“ порача Мицкоски.

Од СДСМ му возвратија дека бил уличар и шеф на криминална организација.

„Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството”, „медиокритети” и „мочуриште”. 

Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно. Доста е повеќе од неговите ниски провокации и лични напади.  Срамота е за еден премиер да се однесува вака, но од предводник на криминална организација и се очекува да биде токму таков, без срам и без граници“ се наведува во реакцијата на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен