Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски од собраниската говорница со вицкасти зборови им се обраќаше на пратениците

За Уставниот суд, мислев дека се шегувате, мислев дека е провоаприлска шега, но шегата да ја оставиме за друг пат. Во услови кога не постои човек кој верува дека немаме партизација во судството. Вака му се обрати премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеникот од ДУИ Блерим Беџети во однос на одлуките на Уставниот суд и ветингот кој ДУИ го бара да се спроведе за судиите.

Според премиерот Мицкоски, ДУИ се тие кои не треба да прават притисок врз Уставниот суд и другите судови. 

-Влијанието кое сè уште се чувствува во судско – обвинителскиот систем кај нас конечно го департизираме и тоа ни е цел. Ќе го направиме тоа, имаше период кога чекавме предлози, сугестии, како одговорна влада сакавме да слушнеме, но за жал не добивме ниту една сугестија која цениме дека може да биде аплицирана. Следната недела ќе имаме координација и започнуваме со реформите. Почнуваме со реформата во Судскиот совет, па Совет на јавни обвинители. Состојбата е алармантна во судството и верувајте дека набрзо оваа Влада ќе направи чекор на кој сите ќе бидат горди и ќе се забележи во следниот извештај за напредок од страна на Европската Комисија, рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен