„Вистински патриотизам е грижата за здравјето на нашите граѓани, за почиста и поздрава животна средина. Лесно е да раскажуваме празни флоскули, но она што е потребно е сите ние како политичари да одработиме навистина конкретно за нешто што значи подобар квалитет на живот за сите граѓани“, рече претседателката на ДОМ и кандидатка за пратеничката од листата на Коалицијата за европска иднина.
Таа кажа дека процесот на отстранувањето на линданот од фабриката Охис е во тек и се врши согласно највисоките европски стандарди.
„Неодамна беше во посета на ДОМ и овде во Скопје европратеничката од холандските зелени, Тинеке Стрик и ние организавме со неа една посета во старата фабрика Охис и навистина ми е задоволство што процесот на остраснување на целиот канцероген линдан, старо индустриско загадување, од пред 6-7 децении веќе успешно почнува и во тек е отстранувањето и извозот на овој опасен материјал во Германија и Франција“, рече Морачанин.
Таа додаде дека за целосно расчистувањето на големата депонија се потребни големи финансиски средства, кои според проценките на експертите може да достигнат стотина милиони евра.
„Ја замоливме европратеничката и таа се обврза дека ќе се заложи кај Европската комисија за дополнителни средства како грант, за да може овој линдан од ова подрачје што побрзо да биде изнесен“, рече Морачанин.