Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На арачиновец му пукале во ногата, пренесен е во Ургентна клиника

На 22.10.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с. Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Зачлени се на нашиот е-билтен