Надица Петрова со стендап шоу „Не се курчи“

Надица Петрова, која има преку 30 успешни изведби на „One wo-man comedy show“ и „Која сум Јас“, вечерва (22 март, среда) во 21 часот во центарот „Јавна соба“ премиерно со стендап настапот насловен „Не се курчи“.

Во „Не се курчи“ Надица е една обична женска личност која уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за “курчењето”. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб. Таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на „курчењето“.

Петрова неизбежно ќе ги предизвика актуелните теми во секојдневната борба за себереализација без трошка самокритичност, а преку директни животни искуства ќе го раскаже патот до „неостварената цел“. Кој сум јас низ оваа лична борба и која е цената на соочувањето преку оваа реалност?! -се прашањата со кои Надица ќе допре и во нашите имтимни приказни.

Актерката Надица Петрова во 2020 година го основаше независниот театар „Златен Елец“ во Скопје, во чиј склоп почна да прави и стендап шоу.

“Стенд-ап комедијата“ како уметнички израз и како општествена критика завзема доминантна позиција во Скопје и другите градови во Македонија, а тоа видно придонесува за окрупнување на самата независна културна сцена во земјава. „Не се курчи“ е само уште еден бисер на герданот кој независната сцена успешно го ниже веќе неколку години.

„Јавна соба“ како подиум за поддршка на независната сцена им овозможува на независните уметници да излезат на слободен пазар – јавност, и да го побараат реалниот суд за нивните дела. Благодарејќи на самоосвестените артисти како Надица, па и ред други актери кои со своите храбри “стенд ап” програми се претставуваат пред публиката, не само што вешто креираат сопствена егзистенција и промоција, туку го подигаат нивото на општествена критика.

Зачлени се на нашиот е-билтен