Намалени цени за ПАП и ХПВ тестови: од 250 на 150 и од 550 на 350 денари

Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија со нова корекција на цените на скрининг тестовите за рано откривање на заболувања на грлото на матката, со што ПАП и ХПВ тестирањето станува подостапно за граѓанките.

Според објавените информации, цената на ПАП тестот е намалена од 250 на 150 денари, додека ХПВ тестот сега чини 350 денари, наместо претходните 550 денари.

Од здравствените институции се посочува дека целта на намалувањето е зголемување на опфатот на жените во скрининг програмите и навремено откривање на промени кои можат да водат кон рак на грлото на матката.

ПАП тестот останува една од основните и најчесто користени методи за рано откривање на клеточни промени, додека ХПВ тестирањето сè почесто се применува како подетална дијагностичка метода за детекција на присуство на хуман папилома вирус, кој е главен ризик-фактор за развој на заболувањето .

Според медицинските препораки и скрининг програмите, редовното тестирање во комбинација со ХПВ вакцинација значително го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката .

Со поевтинувањето, надлежните очекуваат поголем интерес за превентивни прегледи и подобра рана дијагностика кај женската популација во земјата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?