Стапката на невработеност во Германија во февруари изнесува 5,9 отсто, што е исто како и минатиот месец, а бројот на невработени се зголемил за 11.000 месечно на 2,713 милиони.
Аналитичарите очекуваа дека бројот на невработени во Германија ќе се зголемува за 5.000 месечно, пренесува Блумберг.
Невработеноста во Германија и натаму е на највисоко ниво од мај 2021 година.
На годишно ниво бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 119.000.
Највисока невработеност традиционално е забележана во Бремен и Берлин, а најниска е во Баварија и Баден-Виртемберг.