Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Македонски штанд со десетина компании на меѓународниот саем Зелена Недела во Берлин

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на неговиот ФБ профил објави статус за учестото на десетина македонски компании на меѓународниот саем Зелена Недела, кој по 88 пат се одржува во Берлин.

Во тек е меѓународниот саем Зелена Недела кој по 88 пат се одржува во Берлин. Со над 1400 излагачи кои ги презентираат своите меѓународни и регионални производи и специјалитети претставува еден од водечките и најтрадиционални саеми за храна земјоделство и хортикултура.

Саемот нуди кулинарски задоволства од овошје и зеленчук, риба и месо до најквалитетно вино и пиво.

Среќен сум што и годинава имаме можност да се претставиме со десетина компании на македонскиот штанд, со мали производители на традиционалните производи, како и убавото сортно македонско вино.

Како министерство остануваме посветени во целокупната поддршка за промоција и препознатливост на нашите македонски производи ширум светот, потенцира Николовски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира