Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Не го потценувајте ова што ви го кажувам, во 2001 станаа Албанците, сега на ред се Македонците

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски може да дојде до нов воен конфликт. Тој на вчерашната собраниска седница кажа:

– Во Македонија не случајно постојат политички партии на Македонците, на Албанците, на Србите, на Турците, на Власите, на Ромите… Погледнете околу себе и ќе видите кого сѐ имате во коалиција. Тоа е така затоа што тоа е етничкиот баланс на којшто функционира оваа држава. Вие може да правите експерименти ако сакате, но тие експерименти ќе ве доведат до распад на Македонија ваква каква што ја познавате. Експериментите на генерации пред нас не доведоа до воен конфликт во 2001 година. Ми е страв дека експериментите коишто сега ги правите можат да не однесат во друг конфликт и ако во 2001 година станаа Албанците, сега можат да станат Македонците. Не го потценувајте ова што ви го кажувам, рече Николовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен