Нобеловата награда за мир ја доби Наргес Мохамади

Нобеловата награда за мир за 2023 година ќе ѝ биде доделена на активистката Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран, но и за нејзината борба за човекови права и еднакви слободи за сите.

„Доколку иранските власти донесат правилна одлука, ќе ја пуштат да присуствува на церемонијата на 10 декември, на што искрено се надеваме“, соопшти норвешкиот комитет.

Иранската активистка и новинарка Наргес Мохамади, која ја започна својата децениска кариера промовирајќи го граѓанското општество и правата на жените, работи од затвор спротистаувајќи се условите во кои се држат таа и другите затворенички.

Наргес Мохамади ја отслужува десет годинишната затворска каза во озлогласениот затвор Евин во Техеран од каде објави книгата „Бела тортура“ за иранската употреба на изолација во самица и сензорна депривација против неа и другите затвореници.

На годишнината од смртта на Махса Амини, Мохамади и други организираа протести во затворот Евин, палејќи ги нивните шамии, се вели во објавата на еден од нејзините профили на социјалните мрежи.

Мохамади е една од ретките активистки која не само што остана во Иран, туку е сè уште активна. 

Иран спроведува бранови апсења против активисти, новинари и интелектуалци во обид да го елиминира несогласувањето и да ги заостри социјалните ограничувања. Откако избувнаа протестите по смртта на Амини минатата година, иранските власти уапсија околу 20.000 луѓе.

Треба да знаете
Moже да ве интересира