Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пашинјан повторно го обвини Азербејџан за етничко чистење во Нагорно Карабах

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска повторно го обвини Азербејџан за етничко чистење во Нагорно-Карабах. Тој кажа дека сите Ерменци ќе го напуштат регионот „во следните денови“.

-Егзодусот на Ерменците од Нагорно Карабах продолжува. Нашата анализа покажува дека во наредните денови нема да има повеќе Ерменци во Нагорно Карабах, рече Пашинјан.

Тој повтори дека станува збор за етничко чистење за што е предупредена меѓународната заедница.

Повеќе од 65.000 лица досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, што претставува повеќе од половината од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела.

Баку во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот, дозволи отворање на Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија.

Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно Карабах веднаш по пристигнувањето на азербејџанските сили. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира