Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Патувачка изложба „Јапонскиот лебдечки свет“ во организација на Амбасадата на Јапонија

Амбасадата на Јапонија го имаше задоволството да ја организира патувачката изложба на големите јапонски мајстори за дрворези од 17ти и 18ти век – „Јапонскиот лебдечки свет“.

По повод 30 години од вопоставување на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија, 30 УКИЈО-Е реплики патуваа од Велес кон Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци. Во секој град ученици имаа можност да дознаат повеќе за уметноста и животот за време на Едо периодот кога се создавале дрворезите кои биле инспирирани од женската убавина, кабуки театорот, сумо борачите, флората и фауната итн.  Дрворезите имале огромно влијание и врз француските импресионисти како и европските пост-импресионисти.

Последната изложба ја отворија Амбасадорот Оцука, г. Антонио Димитров, директор на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ), г-а Маја Стефкова од „АОТС Македонија“ како и кураторот на изложбата г-а Јасмина Намичева.

Цртежите на децата кои учествуваа во работилниците се изложени исто така и секое дете доби сертификат за учество, додека Амбасадорот Оцука и „АОТС Македонија“ добија УКИЈО-Е реплика од Тошусаи Шараку.

УКИЈО-Е принтовите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка и патуваа благодарение на г. Горан Антевски, „АОТС Македонија“ и Раде Кончар ТЕП на иницијатива на г. Јасмина Намичева („МузеумЛинк“ и „Архифакт“) и Амбасадата на Јапонија.  Финалното изложување е овозможено од г. Антонио Димитров и тимот на КИЦ, поддржано и од Пивара Скопје и Тиквеш. Изложбата во Скопје ќе биде достапна до 5ти јули.

Зачлени се на нашиот е-билтен