Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Портокалов аларм, Валенсија ја очекува ново невреме


Бројот на загинатите во поплавите во Шпанија се искачи на 158, додека спасувачите со сите сили се обидуваат да најдат преживеани.

Во четвртокот, повеќе од 1.200 работници, потпомогнати со дронови, беа испратени во спасувачка мисија, пишува Би-Би-Си. Ел Паис пренесува дека војската пристигнува и во Валенсија.

„Најважното нешто во моментов е да се спасат што повеќе животи“, им рече премиерот Педро Санчез на жртвите за време на посетата на погодениот регион.

Сепак, помошта сè уште не стигнала до некои од погодените места, па луѓето сами ги извлекувале телата на загинатите од калта и урнатините.

Најмалку 155 смртни случаи беа пријавени во Валенсија, додека уште две беа пријавени во Кастиља-Ла Манча во западниот дел на провинцијата, а друг, Британец, почина во Андалузија.

Најмалку 40 загинати досега се регистрирани во градот Паипорта во Валенсија, каде што реката се излеа од коритото.

Според шпанската метеоролошка агенција Аемет, во градот Чива кај Валенсија, количината на врнежи еднаква на годишната количина на врнежи паднала за само осум часа.

Бидејќи во четвртокот беа издадени дополнителни предупредувања за дожд за југот и истокот на земјата, кралот Фелипе Шести предупреди дека вонредната состојба „сè уште не е завршена“, а премиерот Санчез ги предупреди граѓаните да се засолнат.

Во меѓувреме, во областите погодени од поплавите, стотици се засолниле во привремени сместувања додека започнува бавната, напорна акција за расчистување на улиците и поправка на домови и деловни активности.

Многу патишта и железничката мрежа што ја поврзува Валенсија со остатокот од Шпанија остануваат отсечени.

Шпанија во четвртокот започна официјална тридневна национална жалост, со знамиња на институциите на половина копје.

Зачлени се на нашиот е-билтен