Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Предизборна реторика на Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

„Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, да не бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома“. Ова им го порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на челниците од Вреди.

Ахмети, на вечерашната средба пред граѓаните во Куманово, рече дека одоговорот на провокацијата од Вреди, морал јавно да ја каже, затоа што ДУИ не биле заинтересирани да влезат во Владата.

„Колку побрзо ја напуштат Владата, толку подобро ќе биде за нив, за нивните семејства. Тие се црна страница за Албанците“, рече Ахмети.

Зачлени се на нашиот е-билтен