Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преку ФИТР поддржани 1100 проекти од 138 милиони евра, следната година фокус на зелените инвестиции

Со 1.100 поддржани проекти со инвестиции од 138 милиони евра Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска одбележува 10 години од основањето.  Фокус на работата следната година ќе биде поддршка на зелените инвестиции. Со успешното акредитирање кон Зелениот Климатски Фонд државата ќе може директно да пристапи до фондовите за оваа намена.  

Како што беше порачано на на одбележувањето на јубилејот на ФИТР, неопходно е постојано да се вложува во развој на нови иновации и технологии за да се создадат конкурентни компании дома, но и на глобално ниво.  

Според директорот на ФИТР Фестим Халили, во изминатите 10 години на ФИТР се покажало дека во државава постојат компании кои размислуваат „надвор од кутијата” и се отворени за новини и промени. – Нивната креативност и иновативност ни покажуваат дека и нашата земја има бизнис приказни кои гордо го веат знаменцето „Made in Macedonia“, потенцираше Халили. 

Со инвестиција на ФИТР од преку 86 милиони евра во домашното стопанство, беше посочено на свеченоста, се поттикнале нашите компании да вложат 52 милиони евра во развој и напредок, со што им се овозможило да станат поконкурентни на домашниот пазар,но и да се подготват за влез на глобалните пазари.  

Во 2023 година државава се искачи 12 места на Глобалниот иновациски индекс, односно на 54. та позиција во споредба со 66 место во 2022 година, а 9-та на листата со најиновативни економии во групата на земји со високо-средни приходи.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи истакна дека  досегашната поддршка преку ФИТР од 138 милиони евра треба најмалку да се удвои во следните години, а резултатите тројно.

– Поддржаните проекти да се со голема додадена вредност, порача Битиќи. -Тој посочи дека веќе се гледа и во следниот развој на ФИТР а тоа е неговата акредитација кон Зелениот климатски фонд, со што, како што рече, ФИТР ќе биде прва државна институција акредитирана за директен пристап до финансии од Зелениот климатски фонд. – Ова е исклучително важно бидејќи ќе се овозможи поголема вклученост и поголеми финансиски средства на приватниот сектор во справувањето со климатските промени, рече Битиќи. Со 1,5 милиони евра, Фондот го поддржува и развојот на акцелераторите Х фактор,  Сивус Акцелератор и Деловно-технолошки акцелератор УКИМ.

Треба да знаете
Moже да ве интересира