Притвор за тетовец осомничен дека физички ја нападнал сопругата

Седумдесет и осумгодишен тетовец е приведен и доби осумдневен притвор по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом.

Според информациите на МВР, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16 часот го лишиле од слобода 78-годишниот Ш.А. од Тетово.

Тој се сомничи дека околу 9 часот наутро во семејниот дом физички ја нападнал својата 74-годишна сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

Повредите кај жената биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а против него е поднесена соодветна пријава по член 130 од Кривичниот законик.

По изведувањето пред надлежен судија, му била определена мерка притвор во траење од осум дена.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Најчитано